Фирми ќе се регистрираат само електронски, неактивните се бришат

Bez autora
Jan 30 2014

Од трговскиот регистар ќе се бришат не само фирмите кои нередовно доставуваат годишни сметки и финансиски извештаи, туку и тие кои не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче. Идејата во државата да егзистираат само компаниите кои навистина работат, како и причините и постапките за бришење на неактивните се преточени во измените на Законот за трговски друштва, кои се веќе пред пратениците на прво читање. Со овие измени се воведува обврска годишни сметки и финансиски извештаи да поднесуваат и трговци-поединци и трговски друштва кои не вршеле никаква трговска дејност, односно немале активност во текот на годината. Доколку не го сторат тоа, во соодветна процедура ќе бидат избришани од регистарот. Конкретно, се предвидува трговските друштва и трговците-поединци писмено да го известат Централниот регистар дека немале активност и годишната сметка да ја достават најдоцна до последниот ден од годината.

Фирми ќе се регистрираат само електронски, неактивните се бришатОд трговскиот регистар ќе се бришат не само фирмите кои нередовно доставуваат годишни сметки и финансиски извештаи, туку и тие кои не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче.

Идејата во државата да егзистираат само компаниите кои навистина работат, како и причините и постапките за бришење на неактивните се преточени во измените на Законот за трговски друштва, кои се веќе пред пратениците на прво читање.

Со овие измени се воведува обврска годишни сметки и финансиски извештаи да поднесуваат и трговци-поединци и трговски друштва кои не вршеле никаква трговска дејност, односно немале активност во текот на годината. Доколку не го сторат тоа, во соодветна процедура ќе бидат избришани од регистарот. Конкретно, се предвидува трговските друштва и трговците-поединци писмено да го известат Централниот регистар дека немале активност и годишната сметка да ја достават најдоцна до последниот ден од годината. Потоа Централниот регистар поведува постапка за нивно бришење, но ако Управата за јавни приходи констатира дека не се исполнети условите за неактивност постапката на нејзино барање ќе се повтори и фирмата ќе мора во рок од 30 дена повторно да достави годишна сметка и финансиски извештаи, но овој пат ревидирани. Ако не ја испочитува оваа процедура, фирмата ќе се избрише од Регистарот.

Централниот регистар во рок од 30 дена од настанување на условите, го објавува бришењето на својата веб страница и ги повикува законските застапници, содружниците и доверителите да поднесат предлог за стечај или за ликвидација. Ако нема такви предлози, во рок од една година фирмата се брише. Кај трговските друштва се повикуваат акционерите да си го поделат имотот. Предвидено е движниот имот да се распредели во рок од една година по бришењето, а недвижниот имот и паричните средства во рок од 10 години. Ако во овие рокови не се распредели имотот, тој станува сопственост на државата, која добива обврска движниот имот да го чува една година, а недвижниот и парите да не ги отуѓува 10 години. За тоа време основачите на избришаната фирма овој имот можат да си го побараат преку суд. Доколку овие постапки не се почитуваат следуваат прекршочни постапки и санкции кои ги изрекува прекршочна комисија формирана од директорот на Централниот регистар. Централниот регистар добива обврска секој месец на својата веб страница да објавува преглед на трговци-поединци и трговски друштва избришани во текот на претходниот месец.

Активностите за бришење на неактивните фирми почнаа уште пред една година и до сега се избришани 4.000.

По стапувањето во сила на изменетиот закон, што се очекува наскоро, регистрацијата на фирми ќе се врши исклучиво електронски. Исто така фирмите добиваат законска обврска редовно да ги пријавуваат промените на податоците во Централниот регистар. Исто така, се воведува забрана за купување или продавање удели во својата или во друга фирма за лицата кои на државата и останале должни за даноци, придонеси и слично. Освен ова, се оневозможува трговско друштво да основаат содружниците, управителите и членовите на органот на управување и органот на надзор на друштвата за кои е започната постапка за бришење, не само додека трае постапката, туку и за период од три години откога е објавено бришењето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik